Изнајмување

Изнајмување на компјутери - Computer rental service

Изнајмување на компјутери -
Computer rental service

ДДКом покрај продажба на користени и рефурбишед бренд компјутери, лаптопи и сервери, нуди и услуги за краткорочно и долгорочно изнајмување на компјутерска опрема низ цела Македонија. Изнајмувањето на компјутери е посебно корисно при одржување на бизнис настани, конференции, тренинзи, компјутерски натпревари како и за обуки во училишта и на универзитети.

Ние располагаме со широка палета на ИТ опрема - компјутери, лаптопи, работни станици, сервери, принтери и мрежни уреди. Опремата е од А класа од најпознатите светски брендови како што се HP, Dell, Lenovo, Fujitsy.

Нашиот тим може да ви помогнеме околу целокупната организација на настанот со тоа што ви нудиме услуги за монтажа, мрежна инсталација, достава до локација како и техничка поддршка за времетраење нанастанот.

 

Кои се придобивки од изнајмување на компјутерска опрема?

  • Обезбедуваме резервни делови за да се минимизира времето на прекин во случај на дефект.
  • Заштедувате време и пари за логистика и инасталација.
  • Флексибилно време на изнајмување (дневно, неделно, месечно).
  • Специјализиран тим кој ќе ви помогне при изборот и организацијата на опремата.

 

Предности на изнајмување пред купување

Изнајмувањето ја елиминира потребата за инвестирање во опрема и нејзино одржување. Изнајмувањето ја зголемува ефикасноста затоа што ви дава можност да изберете она што ви треба во даден момент за успешно да ја завршите вашата работа, како и да ја користите опремата колку што ви е потребно наместо да гледате како вашата опрема губи на вредност со годините и станува неупотреблива. Трошоците и ризикот од поседување на опремата се намалуваат затоа што нема потреба вие да правите контрола за исправноста на деловите или да се грижите дека некоја компонента може да се расипе или откаже.

Зошто да се изнајмува компјутерска опрема ?

  • Потребно ви е повеќе од еден компјутер за употреба
  • Користењето на опремата е на одредено време, не постојано
  • Располагате со најновите достапни модели на ИТ пазарот
  • Намалување на трошоците за одржување на опремата и нејзиното користење во иднина
  • Техничка поддршка
 
Facebook
Twitter
Website
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
LinkedIn
Google Plus
Instagram
YouTube

Визија

Да станеме Вашето омилено место за комплетен избор на ИТ опрема и услуги. Да нè препознавате како синоним за извонредност во сите аспекти на компјутерската технологија. Заедно да создадеме исклучителни вредности преку имплементација на современите информациско-комуникациски технологии. Повеќе...

Мисија

Целокупен технолошки напредок преку промоција на врвни технологии, квалитетна услуга и поддршка со компетитивни цени и задоволни потрушувачи.

Повеќе...

Контакт

 ул. Фрањо Клуз бр.2/1-4

 02 3 100 700

 info (@) ddcom.mk

Работно време:

Понеделник - Петок

09:00-17:00