Класи на употребувана техника

КЛАСИ НА
УПОТРЕБУВАНА ТЕХНИКА
I ЛАПТОП

А класа (A class refurbished)
Лаптоп, класифициран како А класа

- Работи според својата намена и нема видливи оштетувања по екранот, во работна состојба.
- Не постојат елементи што недостасуваат, како што се LED диоди итн., нема повреда околу портовите - недостасуваат парчиња или пукнатини, кои го нарушуваат естетското и нормално користење на производот.


А- класа (A- class refurbished)
Лаптоп, класифициран како А минус (-) класа


- Работи според својата намена и можно е да има минимални оштетувања по екранот во работна состојба - едвај забележливи и/или речиси незабележливи или видливи само под одреден агол или под одредено осветлување.
- Возможни оштетувања на/по производот поради транспорт или употреба што се апсолутно незначајни и/или тешко се забележуваат како пукнатини, скршени мали парчиња итн.

Б класа (B class refurbished)
Лаптоп, класифициран како B класа


- Работи според својата намена и можно е да има видливи оштетувања по екранот во работна состојба.
- Возможно е да недостасуваат декоративни елементи кои не влијаат врз функционалноста на уредот, како што се: капачиња на шарките, горната пластика кај батерија, дел кај идикаторните диоди, скршени забци на разладните решетки, површински пукнатини или оштетувања на надворешната кутија.

Не се критериуми и не се земаат предвид

- Сите лаптопи, без оглед на нивната класа може да имаат отстранети безбедносни обележја на RSM (removed security mark).
- Износот и степенот на употреба, како и отсуството на апсолутно безначајни елементи како што се гумени заптивки (капачиња) кои не влијаат на нормалната употреба на производот.
- Присуство на мртви пиксели или под-пиксели кога има до десет од целиот екран.
- Нефункционален USB Port фабрички или сервисно затворен, на пример - locked USB

Батерија на лаптоп

- Дефект (Defect) - дефектна е батерија која не може да издржи повеќе од 5 минути во работниот режим при хардверски RAM тест.
- Слаба батерија (Weak) - Слаба батерија е онаа што не може да издржи повеќе од 29 минути во работниот режим со хардверски RAM тест.
- ОК батерија (OK) - батерија која може да задржи повеќе од 30 минути во работен режим со хардверски RAM тест.

Не се критериуми и не се земаат предвид

- Времетраењето на работа на батеријата, различно од погоре посочените.
- Времетраењето на батеријата на лаптопот варира во зависност од: начинот на кој се користи лаптопот; дали е вклучен режимот за заштеда на електрична енергија; големината на меморијата и екранот; видот на процесорот и видео картичката; оперативниот систем; енергопреносната мрежа; начинот на чување на лаптопот од неговиот сопственик; климатски услови, како што се влажност, температура на воздухот итн.

Категорија користени ЛАПТОПИ
II МОНИТОР

А класа (A class refurbished)
Монитор, класифициран како А класа


- Работи според својата намена и нема видливи оштетувања по екранот, во работна состојба.

А- класа (A- class refurbished)
Монитор, класифициран како A минус (-) класа


- Работи според својата намена, иако е можно да има незначителни оштетувања по уредот кои се гледаат во работна состојба - тешко забележливи и/или речиси незабележителни или се гледаат само под одреден агол и/или само при одредена осветленост.

Б класа (B class refurbished)
Монитор, класифициран како В класа


- Работи според својата намена, иако е можно да има фронтални видливи оштетувања по уредот, кои се изразени и видливи во работен режим.

Не се критериуми и не се земаат предвид

- Сите монитори, без оглед на нивната класа, може да имаат ознаки за отстранување на RSM (removed security mark).
- Оштетувања по дисплеј во работен режим, видливи само под многу голем агол, како и траги од употреба на производот.
- Присуство на мртви пиксели или под-пиксели кога има до десет од целиот екран.
Категорија користени МОНИТОРИ
III КОМПЈУТЕР

А класа (A class refurbished)
Компјутер, класифициран како А класа


- Работи според својата намена и нема оштетувања по кутијата како скршени парчиња итн.

Б класа (B class refurbished)
Компјутер, класифициран како В класа


- Работи според својата намена, како е можно да има оштетувања по производот како - елементи кои недостасуваат или скршени елементи на кутијата или мали пукнатини кои грубо го нарушуваат само естетскиот изглед на производот. На пример - скршен или напукнат преден панел.
- Работи според неговата намена, и е возможно да има забелешки по надворешните портове како: PS2, VGA, USB и др.

Не се критериуми и не се земаат предвид

- Сите компјутери, без разлика која класа, може да имаат инвентарни траги по кутијата на RSM (removed security mark).
- Износот и степенот на употреба, како и отсуството на апсолутно безначајни елементи како што се ногарки, капалиња, гумички кои не влијаат на нормалната употреба на производот.
- Недостаток на декоративни и запечатувачки елементи, што не влијаат на нормалната употреба на производот.
- Нефункционален USB Port фабрички или сервисно затворен, на пример - locked USB
Категорија користени БРЕНД КОМПЈУТЕРИ

Визија

Да станеме Вашето омилено место за комплетен избор на ИТ опрема и услуги. Да нè препознавате како синоним за извонредност во сите аспекти на компјутерската технологија. Заедно да создадеме исклучителни вредности преку имплементација на современите информациско-комуникациски технологии. Повеќе...

Мисија

Целокупен технолошки напредок преку промоција на врвни технологии, квалитетна услуга и поддршка со компетитивни цени и задоволни потрушувачи.

Повеќе...

Контакт

 ул. Фрањо Клуз бр.2/1-4

 02 3 100 700

 info (@) ddcom.mk

Работно време:

Понеделник - Петок

09:00-17:00